Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и претседателот на САД Бајден/EPA-EFE

Поддршка за Украина, заложби за мир и стабилност, Западен Балкан е важен – НАТО Самитот заокружен со заедничка декларација

Поддршка за Украина, заложби за мир и стабилност, Западен Балкан е стратешки важен, а Русија е најдиректната закана за безбедноста на НАТО. Самитот на најмојќниот воено политички сојуз се заокружува со заедничка декларација. Сојузниците се согласни дека мора да се јакне одбранта и да се зајакнува долгорочната поддршка за Украина во нејзината борба за слобода. Алијансата најави дека до идниот самит НАТО ќе развие препораки за стратешкиот пристап на НАТО кон Русија, за да се ограничат нејзините агресивни дејства.

„Ние распоредивме борбени сили на источното крило на НАТО, го поставивме најсеопфатниот одбранбен план по Студената војна и во Алијансата сега имаме повеќе до 500.000 сили во висока подготвенсот. Денеска решевиме да ја прилагодиме командната структура на НАТО, да ги подобриме нашите интегрирани воздушни и ракетни одбаранбени системи и да продолжиме со нашите одбранбени планови со потребните способности“, соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

НАТО изрази и длабока згриженост за продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина.

„Во овој опасен свет пријателите и партнерите се поважни од било кога. Затоа денеска се согласивме да го јакнеме нашето партнерство особено во Индо-пацификот. Безбедноста е глобална, а не регионална. Војната е поттикната од оние кои не ги споделуваат нашите вредности. Иран и Северна Кореа обезбедуваат директна воена поддршка, додека Кина ја поддржува руската воена економнија. Ова не е само привремена практична коалиција, туку голем стратешка промена“, рече Столтенберг.

Пекинг реагираше дека обвинувањата на НАТО за одговорноста на Кина за војната во Украина се неразумни. Тие ја предупредија Алијансата да не се меша во азиско-пацифичкиот реион.

Сојузниците, земји – членки на НАТО се согласија дека треба да продолжи и да се унапреди политичкиот дијалог со Западен Балкан и ги реафирмираа заложбите за регионалниот мир и безбедност.

„Ќе продолжиме да го унапредуваме нашиот политички дијалог и практична соработка со Западниот Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучително и дезинформациите, хибридните и сајбер закани, поставени и од државни и од недржавни чинители. Демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантската интеграција и очекуваме да видиме напредок во таа насока“, стои во Декларацијата на НАТО за Западниот Балкан.

НАТО Самитот на кој се одбележа 75-годишнината од основањето на најмоќниот воено-политички сојуз помина во знакот на поддршката за Украина но и сеќавање на потпишувањето на Вашингтонскиот договор на кој документ се потпишале луѓе кои, како што рече шефот на НАТО, добро го знаеле ужасот и страдањата од двете светски војни. Во нивна чест, лидерите се заложија на мир, за никогаш да не се запорави страшната човечка цена на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот