Под мотото „Биди херој во своето училиште“ Црвениот крст го одбележува Светскиот ден на Првата помош

Црвен крст / Фото: СП Архива

Под мотото „Биди херој во своето училиште“ Црвениот крст на град Скопје заедно со општинските организации денеска го одбележува Светскиот ден на Првата помош.

Знаењата и вештините за укажување прва помош треба да бидат дел од сечие секојдневие, бидејќи се применуваат во секој сегмент во животот.

За таа цел Црвениот крст денешниот ден ќе го одбележи со низа едукативни настани и активности со цел да се подигне јавната свест за потребата од познавањето на вештините за непосредно укажување помош во случај на итност.

На оваа тема гостинка во Утрински брифинг беше Александра Ристовски од Црвен крст на град Скопје.

Разговорот може да го погледнете во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот