
Почнува сезоната на болеста чии симптоми се најсилни во средината на октомври
Ноќта помеѓу 28 и 29 октомври, во 3 часот по полноќ, ќе ги поместиме часовниците еден час наназад, односно на 2 часот. Деновите ќе бидат пократки, времето ќе биде постудено, а тогаш може да се појават тажни мисли, мрзоволност или чувство на безнадежност. Станува збор за зимската депресија. Сезонското афективно нарушување подразбира дека човекот има добро ментално здравје во текот на годината, додека психички не се чувствува добро во зимските денови. Тоа погодува милиони луѓе, особено од октомври.
Препорачано
– Повеќето ќе ги почувствуваат првите симптоми веќе во првите две недели од октомври, но сега тегобите се најлоши. Навистина мора да почнеме да ја сфаќаме оваа состојба многу посериозно, бидејќи, ако не се лекува, може да уништи животи и да влијае на заболените долго откако зимата ќе заврши – вели д-р Лин Крили, која е специјализирана за лекување на оваа состојба.
Што е сезонско афективно нарушување?
Тоа е еден вид депресија која доаѓа и заминува според сезонски модел, односно во време кога поголемиот дел од денот е темно и телото е помалку изложено на сончева светлина. Мажите имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми. Доктор Крили истакнува дека симптомите може да се појават на која било возраст, вклучително и кај децата.
Таа додава дека причината за сезонското афективно нарушување е непозната, иако се смета дека станува збор за ефектот на светлината врз деноноќниот (циркадијалниот) ритам. Утврдено е дека оние кои страдаат од сезонско афективно нарушување имаат пониски нивоа на серотонин, кој го регулира расположението и повисоки нивоа на мелатонин, кој ни помага да заспиеме.
Симптоми
Најчестите симптоми на сезонско афективно нарушување се губење на интерес за активностите во кои вообичаено уживаме, губење на либидото, проблеми со концентрацијата, зголемен апетит (особено потреба од јаглехидрати) и сонливост.
Што помага?
Лекарите често истакнуваат дека помалото внесување на алкохол може да помогне во ублажување на симптомите, проследено со зголемено консумирање на темно чоколадо, мрсна риба, банани, месо, авокадо и јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници).