Почнува повторното судење за Златна зора

Фото: илустрација / EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на еден од најголемите и историски судски процеси во Грција, оној против Златна зора, денеска, судењето почнува одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно со почетокот на судењето во атинскиот суд во девет часот утрово, пред судот ќе се одржат протести.

На почетокот на октомври 2020 година, судот пресуди дека Златна зора е криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, кои веќе ги издржуваат.

Во обемниот судски процес, судени беа 50 лица.

Лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна.

Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот