Почина режисерот Морган Спарлок: Поради документарниот филм еден месец јадеше само во „Мекдоналдс“

Морган Спарлок / Фото: EPA/PAUL BUCK

Морган Спарлок, режисерот на документарниот филм „Супер голем јас“ (Super size me), за чии потреби еден месец јадеше само во „Мекдоналдс“, почина на 53-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Неговите роднини објавија дека „умрел мирно, опкружен со семејството и пријателите, на 23 мај во Њујорк од компликации од рак“, пренесува „Гардијан“.

Во филмот објавен во 2004 година, Спарлок спроведе експеримент во кој јадеше само во „Мекдоналдс“ дури 30 дена и го забележа своето физичко и ментално здравје во тој период, и го истражуваше корпоративното влијание на индустријата за брза храна, која охрабрува нездрава исхрана за сопствен профит.

Спарлок јадел трипати на ден и морал да зема „супер голема“ порција доколку му ја понудат. Во просек внесувал околу 5.000 калории дневно, а како резултат на тоа до крајот на месецот се здебелил 11,1 кг, што е зголемување за 13 отсто од неговата телесна тежина.

Неговиот холестерол пораснал на 230, доживеал промени во расположението и сексуална дисфункција. Пред експериментот му биле потребни вкупно 14 месеци за да ја достигне телесната тежина.

Повод за истражувањето на Спарлок беше големиот пораст на бројот на дебели луѓе во САД, но и тужбата на две девојки против „Мекдоналдс“ кои тврдеа дека станале дебели поради нивните производи. Филмот беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар документарен филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот