
Почина Никола Пилиќ, легендата на хрватскиот и на светскиот тенис
Никола Пилиќ, легенда на хрватскиот и светскиот тенис, поранешен тренер на хрватската Дејвис куп репрезентација која ја освои шампионската титула во 2005 година, почина на 87-годишна возраст, во Риека. Покрај Хрватска, Дејвис купот го освои и како тренер на Германија, а помагаше и при освојувањрто на титулата од страна на Србија, како близок пријател на Новак Ѓоковиќ и негов поранешен тренер.
Препорачано
Никола Пилиќ е роден на 27 август 1939 година во Сплит. Тој беше член на Сплитскиот тениски клуб и активно играше за југословенската репрезентација на Дејвис купот од 1961 до 1977 година. Пилиќ освои девет АТП турнири во својата играчка кариера и беше рангиран на шестото место во светот во 1968 година.
Пилиќ го промени светскиот тенис. Тој ги постави темелите на АТП, Асоцијатата на тениски професионалци, иницирајќи промени за професионализација на овој спорт. Беше меѓу првите осум играчи што настапија на професионални турнири (WTC), познати и како „Убавите oсуммина“, иако поради тоа беа на удар на Светската тениска федерација (ИТФ), тогаш аматерска.
Пилиќ како играч освои Гренд слем во двојки, на Отвореното првенство на САД во 1970 година, заедно со Пјер Барт. Тој беше финалист на „Ролан Гарос“ во поединечна конкуренција во 1973 година, а исто така беше финалист на Вимблдон во машка конкуренција во 1962 година, заедно со Боро Јовановиќ.
Превземено од: https://sport.com.mk/