Почина лидерот на Кувајт, шеикот Наваф ал-Ахмад

Наваф ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах / Фото EPA-EFE/NOUFAL IBRAHIM

Лидерот на Кувајт, шеикот емир Наваф ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах почина на 86-годишна возраст, објави кувајтската државна телевизија.

Шеикот ја предводеше нацијата богата со нафта во последните три години откако ја презеде функцијата од неговиот полубрат, шеикот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах, пренесува Би-Би-Си.

Кувајт објави 40 дневна жалост, а владините канцеларии ќе бидат затворени на три дена.

„Со голема тага и жал, објавуваме за смртта на шеикот Наваф ал-Ахмад ал-Сабах“, се вели во изјавата емитувана на државната телевизија.

Шеикот Наваф беше именуван за престолонаследник во 2006 година и ја презеде функцијата емир во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот