Фото: Paul Cox / Avalon / Profimedia

Почина Енди Рурк, басистот на „Смитс“, ја загуби битката со ракот

Музичарот Енди Рурк, басистот на „Смитс“, почина на 59-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговиот колега од бендот Џони Мар, кој откри дека Енди боледувал од рак на панкреасот.

„Со голема тага објавуваме дека Енди Рурк почина по долга битка со ракот на панкреасот. Енди ќе остане запаметен од оние кои го познаваа како љубезна и убава душа, а љубителите на музиката како исклучително талентиран музичар. Ве молиме за приватност во овој тажен период“, напиша Џони.

Рурк снимал со Смитс на песни како што се „This Charming Man“ и „There is a Light That Never Goes Out“. Тој исто така свиреше во групата Фрибас со уште двајца познати гитаристи Питер Хук од Њу Ордер и Мани од Стоун Роузис. Снимаше и со Шинед О’Конор, Иан Браун и Долорес О’Риодан од групата Кренберис.

Таткото на Рурк бил Ирец, а мајка му Англичанка. Гитара ја добил од родителите кога имал седум години. Четири години подоцна стана пријател со Џон Махер, кој подоцна го промени своето име во Џони Мар. Тие го делеле истиот интерес за музиката.
„Јас и Енди цело време студиравме музика, се забавувавме и работевме за да станеме подобри музичари“, изјавил Мар во една прилика.
На училиште, паузите за ручек ги поминувале свирејќи музика. Рурк го напуштил училиштето кога имал 15 години. Свиреше гитара во различни бендови. Рурк и Мар се спријателиле со Морисеј и ги формирале Смитс. Бендот конечно се распадна во 1987 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот