По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија

Фото: ТВ Клан / принтскрин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната.

Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се шест мостри од храната која се послужувала и осум брисеви од работните површини и опремата, се наведува во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

Кујната, како што посочуваат од АХВ, ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот