Profimedia

По скандалот со кинескиот шпион, кралот Чарлс нема да го покани принцот Ендрју да му се придружи на кралското семејство за Божиќ

Кралот Чарлс наводно донел одлука да нема божиќна покана за принцот Ендру. Се очекува тој да остане дома во Виндзор за Божиќ.

Помладиот брат на британскиот крал Чарлс Втори, принцот Ендрју, привлече големо медиумско внимание откако беше откриено дека британската влада смета дека неговиот близок деловен соработник е кинески шпион.

Според пишувањето на странските медиуми, блиски извори откриле дека кралското семејство се надева дека принцот Ендру оваа година „чесно ќе се повлече“ од сите семејни настани за да не привлекува внимание.

Оваа вест доаѓа набргу откако наводниот кинески шпион поврзан принцот беше именуван по пресудата на Високиот суд.

Судската одлука откри дека на кинескиот бизнисмен, познат како H6, му е забранет влез во Велика Британија поради национална безбедност, бидејќи властите се сомневаат дека тој тајно работи за Пекинг за да воспостави блиски контакти со истакнати личности, пренесе Би-би-си.

Принцот Ендру за Би-би-си и за другите медиуми изјави дека „прекинал секаков контакт“ со лицето опишано во судските документи како „близок соработник“.

„Војводата се сретнал со тоа лице преку официјални канали и не разговарале за ништо чувствително“, се вели во соопштението.

Весникот „Тајмс“ пишува дека принцот го поканил претприемачот на кралските имоти, а Мирор објави дека МИ5 е „навистина е огорчена“ од ситуацијата. Извор за Ројтерс изјави дека Бакингемската палата била информирана за ситуацијата на соодветни начини и во соодветно време.

Откако ја презеде функцијата во јули, британскиот премиер Кир Стармер се обиде да ги поправи врските со Кина, но Лондон и Пекинг постојано се обвинуваат меѓусебно за шпионирање. Британските безбедносни служби предупредуваат на кинеските обиди да се инфилтрираат во политичкиот, деловниот и академскиот сектор.

Судските документи за H6 се однесуваат на документ од 2021 година во кој се наведени темите на разговор помеѓу H6 и принцот и во кој се вели дека принцот Ендрју е „во очајна ситуација и ќе стори сè“.

Од кинеската амбасада во Лондон велат дека случајот H6 е уште еден обид да се оцрни Кина и да се саботираат нормалните работни односи.

Принцот Ендру се повлече од сите кралски должности во 2019 година и му беа одземени воените врски и кралското покровителство во 2022 година поради обвинувањата за сексуално недолично однесување, кои тој секогаш ги негираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот