По серијата инциденти, САД со наредба до воздухопловните сили: Да сe прекинат летовите на 24 часа

Б-52 „Летечка тврдина“ на Американската авијација / фото: НАТО

Американската војска им нареди на своите воздухопловни единици да ги запрат сите операции за еден ден следниот месец за да се разгледаат безбедносните процедури и обуката по неодамнешните две хеликоптерски несреќи во кои загинаа 12 војници.

Два хеликоптери се судрија во четвртокот на Аљаска, при што загинаа тројца воени пилоти. Минатиот месец девет воени лица загинаа кога два хеликоптери се судрија за време на тренинг мисија во државата Кентаки.

Според наредбата, следниот месец секој дел од копнените сили ќе треба да изврши целосен безбедносен преглед на леталата што ги поседува и кои нема да летаат во тој 24-часовен период. Исклучоци ќе бидат направени само за најитните мисии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот