По седум часа усвоен дневниот ред, Собранието конечно ја почна расправата

Собрание / фото: Влада на РСМ

По речиси седум часа, Собранието вечерва го усвои дневниот ред од 126. седница која, според последното ажурирање, има 125 точки.

Расправата почна со Предлог-декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, поднесена од група пратеници.

– Ќе бидеме меѓу првите земји во светот кои усвојуваат ваква Декларација – рече Фросина Ременски, еден од предлагачите.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Ременски зошто министерката Царовска три години не е дојдена на собраниската Комисија за труд и социјална политика и колку од она што е запишано во програмата на СДСМ за лицата со попреченост, досега е реализирано.

Ременски одговори дека и е жал што Ѓорчев сака носењето на Декларацијата да го сведе на дневна политика.

Пред пратениците се уште 124 предлог-законски решенија од кои некои треба да се донесат по скратена постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот