
По руската инвазија Германија воено се модернизира, ќе купува американски авиони Ф-35
Одборот за буџет на германскиот Парламент (Бундестаг) денеска го одобри купувањето на борбени авиони Ф-35 од американската компанија „Локид Мартин” во вредност од 10 милијарди евра, изјавија двајца членови на комисијата.
Препорачано
Станува збор за еден од првите големи одбранбени проекти за кои Берлин ќе ги искористи средствата од специјалниот фонд од 100 милијарди евра, што канцеларот Олаф Шолц го најави во големата промена на германската одбранбена политика, на само неколку дена по почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.
Средствата се наменети за враќање на оружјето и опремата на Бундесверот на високо ниво, по децениските кратења на финансирањето од крајот на Студената војна.
Германија има намера да купи 35 „стелт” борбени авиони Ф-35 со проектили, друго оружје и опрема, а првите осум авиони ќе бидат испорачани во 2026 година.
Американските авиони ќе ги заменат застарените „Торнадо”, единствениот германски авион способен да носи американски нуклеарни бомби стационирани во Германија за употреба во случај на конфликт
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
12мин
-
39мин
-
51мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5