Ѕидот кај Детската клиника / Фото - Слободен печат / Методи Здравев

По пет месеци, Министерството за здравство се накани да го санира потпорниот ѕид кај Детската клиника

Министерството за здравство ќе го санира паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника, кој се сруши во јуни. Оваа одлука е донесена денеска (5 ноември) по координативната средба во Центарот за управување со кризи со претставници на надлежни институции.

Освен обврската на Здравство, донесен е и заклучок дека Градот Скопје треба да изработи нов сообраќаен проект со којшто би се редуцирало движењето на тешки товарни возила на овој дел од градот.

Центарот за управување со кризи треба да побара и извештај од водостопански инспектор при Министерството за животна средина и просторно планирање за намената и состојбата на руинираниот канал и каналскиот систем на улицата.

Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар си ги префрлуваа надлежностите кој е одговорен.

За случајот алармираше директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој нагласи дека уште пред речиси две години до него стигнале пријави од неколку граѓани дека потпорниот ѕид на улицата „Белградска“ е во лоша состојба, накосен е и постои опасност да падне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот