По пет децении затвор, ослободена следбеничката на озлогласениот култ на Чарлс Менсон

Лесли Ван Хаутен и Чарлс Менсон / Фото ЕПА

Лесли Ван Хаутен е ослободена од затвор на 73-годишна возраст, откако одлежала повеќе од пет децении за две убиства. Таа имала 19 години кога се приклучила на убиствениот култ и помогнала да се убие продавач од Лос Анџелес, Лен Лабјанка и неговата сопруга Розмари во 1969 година, пишува „Индепендент“.

Поранешната следбеничка на култот на Чарлс Менсон била ослободена откако гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом се откажа од своето противење на пресудата на државниот апелационен суд со која и се препорача условно ослободување. Одлуката за ослободување била спротивно на желбата на преживеаните членови на жртвите.

Адвокатката Ненси Тетро рекла дека нејзиниот 73-годишен клиент е ослободен рано утринава и одведен во привремено сместување. „Таму ќе ја учат за основни животни вештини како купување намирници, користење мобилен телефон и компјутер“, додаде таа.

„Таа сè уште се обидува да се навикне на идејата дека ова е реално“, истакна Тетро.

Во мај, апелациониот суд во Калифорнија пресудил дека Ван Хаутен треба да биде ослободена од затвор, и покрај тоа што ги извршилa убиствата со уште пет лица по инструкции на Менсон.

Гувернерот Њусом минатата недела изјави дека е разочаран од одлуката на судот, но дека веројатно нема да биде поништена пред повисок суд. „Повеќе од 50 години откако култот на Менсон ги изврши овие брутални убиства, семејствата на жртвите сè уште ги чувствуваат последиците“, рече тој во изјавата.

За време на првото судење во 1971 година, Ван Хаутен опишала како ја држела Розмари Лабјанка со перница над главата додека другите следбеници на Менсон брутално ја избоделе.

Таа потоа грабнала нож и ја избодела Лабјанка десетици пати. Следбениците на култот ги извалкале ѕидовите на куќата со крв. Ван Хаутен првично била осудена на смрт за убиството, но судењето во 1977 година завршило во ќорсокак, откако нејзината одбрана тврдела дека таа е помалку одговорна бидејќи била под влијание на дрога.

На второто судење таа била осудена на доживотен затвор. Инаку, Менсон, кој бил осуден по седум точки за убиство од прв степен и заговор за убиство, починал во затвор во 2017 година на 83-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот