Фото: Пинтскрин/Јутјуб

По гласините дека Џастин Бибер должи 20 милиони долари, се огласи тимот на славниот пејач: „Тоа нема да го обесхрабри“

Откако Џастин Бибер во последниот период се најде на мета на погрдни коментари и се соочи со низа обвинувања за случајот со раперот Пи Диди, овој пат триесет и едно годишниот пејач одговори на гласините за банкротот и наводните долгови од неколку милиони долари.

Во изјавата објавена од неговиот тим за односи со јавноста, Бибер ги негираше тврдењата дека е во долгови, и ги нарече „глупости“ вестите кои доаѓаат од „несигурни извори“ кои медиумите ги пренесуваат, пишува „Мирор“.

Се започна кога „Холивуд репортер“ објави изјава на наводен поранешен вработен во тимот на Џастин Бибер кој тврдел дека пејачот должи милиони долари откако ја откажал турнејата поради здравствени проблеми. По овие гласини, се огласи ПР тимот на пејачот и наведе дека ништо од тоа не е вистина.

„Ова е глупост врз основа на лошо информирани извори кои се разочарани што повеќе не работат со Џастин. Како што Џастин напредува во својата кариера, овие непотребни приказни и лаги ќе продолжат. Тоа нема да го обесхрабри да остане на вистинскиот пат“, се вели во соопштението.

Според написот на „Холивуд Репортер“, изворот кажал дека откажувањето на преостанатите датуми од светска турнеја на Бибер во февруари 2023 година предизвикало низа финансиски последици кои сè уште го мачат. Наводно пејачот должел 20 милиони долари, а оваа голема сума пари ја должел на организаторот на турнејата бидејќи наводно добил аванс од 40 милиони долари пред почетокот на истата.

Турнејата првично требала да започне во 2020 година, но била одложена поради пандемијата на коронавирус. Сепак, повторно била одложена во 2022 година, откако му бил дијагностициран синдромот Рамзи Хант, што му предизвикал парализа на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот