
По долгогодишниот молк, се огласи Амбер Херд и ја поддржа Блејк Лајвли: „Го доживеав ова од прва рака, ужасно е“
Актерката Амбер Херд ја поддржа колешката Блејк Лајвли, која поднесе тужба за сексуално вознемирување против Џастин Балдони, со кого заедно глумат во филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us). Амбер изјави дека знае како е да се биде на удар на клеветничка кампања.
Препорачано
– Социјалните мрежи се апсолутна персонификација на класичната изрека „лагата обиколува половина свет пред да излезе вистината на виделина. Го доживеав ова од прва рака и одблиску. Тоа е еднакво ужасно колку и деструктивно – коментирала Херд за „Ен-би-си њуз“.
Имено, Амбер вели дека била жртва на клеветничка кампања што ја водел нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп во текот на нивната судска битка за семејно насилство. Исто така, Блејк во тужбата истакна дека и таа била жртва на клеветничка кампања.
Џастин Балдони ја ангажираше експертката за управување со кризни ситуации Мелиса Нејтан во август оваа година, кога се исплаши дека Лајвли ќе поднесе тужба против него поради неговото однесување на снимањето. Мелиса ја основаше компанијата токму во август, а претходно работеше за фирмата што Деп ја најми да му помогне во водењето на судењето на Херд.
Целта на новиот ПР-тим била, според тужбата, да ја заштити својата репутација и да ги сврти луѓето против Лајвли, за што сведочат приватните пораки и мејловите вклучени во тужбата.
Серијата приватни текстуални пораки користени како доказ во тужбата за сексуално вознемирување на актерката покажуваат дека Балдони се допишува со ПР менаџерката Џенифер Абел и експертот за управување со кризи Мелиса Нејтан за тоа како да се уништи угледот на Блејк Лајвли.
Џенифер Абел и испрати на Мелиса порака во која, меѓу другото, пишуваше: „Размислувам оваа недела да подметнам статии за тоа колку е ужасно да се работи со Лајвли. Само за да сме понапред од неа“.
На тоа Мелиса одговорила „исто така“ и истакнала дека има пријателка новинарка подготвена за приказна.
ФОТО | Блејк Лајвли ја рекреиреаше Бритни Спирс: Го носеше легендарниот фустан од 2002 година