Profimedia

По долги години Ким Бесинџер отворено проговори за врската со Алек Болдвин

Иако ретко дава интервјуа, особено во последните години кога навистина ретко имавме можност да ја видиме во јавноста, холивудската дива Ким Бесинџер реши да се појави во медиумите. Таа даде интервју за престижниот Варајати.

Како што еднаш и самата изјави, нејзината убавина низ годините ѝ била повеќе товар отколку што ѝ донела добро. И нејзините колеги одамна го забележале тоа, а продуцентот Џон Питерс рече:

„Кога сте исклучително убави – не само убави, туку исклучително убави како Ким, Холивуд не сака да ви го даде она што го заслужувате“.

И биле потребни речиси две децении за да се ослободи од тие „стапици“, а призна и дека првично ја одбила улогата со Шон Конери, во неговиот последен филм за Џејмс Бонд:

„Никогаш не мислев за себе на тој начин. Ги видов тие жени и си помислив, Боже, јас го немам тоа. Пораснав како момче“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Basinger (@kim.basinger)

Сепак, на крајот се согласила на тоа, а по објавувањето на филмот, позираше гола за Плејбој. Така се роди перцепцијата за Ким Бесинџер како врвен секс симбол.
„Ми се јавуваа режисери и ми кажуваа дека ги виделе моите слики во Вог. Знаев дека беа само во Плејбој“, призна таа смеејќи се.

Потоа прозборе и за врската со нејзиниот поранешен сопруг Алек Болдвин, со кого ја има ќерката Ајрланд. Иако некои можеби мислат дека не се во најдобри односи, таа тврди дека денес имаат одлична врска.

„Алек и јас имаме одличен однос. Имам голема почит кон него и кон неговото семејство. Знаете, ние не ги поминуваме Божиќ и празниците заедно ниту често се гледаме, но разговараме. Ќе го крене телефонот и ќе ми се јави затоа што имаме многу искрен и срдечен однос на многу начини затоа што делиме ќерка и не му посакувам ништо друго освен сè најдобро. Тој во последно време помина низ сешто…“

И додека Болдвин реши да ѝ открие сè на јавноста преку новото реално шоу ‘The Baldwins’, 71-годишната Ким Бесинџер сепак се држи подалеку од светлата на рефлекторите.

„Твојата анонимност е како балон со хелиум. Ти се лизга од рака и тоа е тоа. Тоа го открив многу млада кога излегував од авионите ширум светот, а луѓе демнеа пред мојата хотелска соба. Околу мене беа телохранители и полиција“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Basinger (@kim.basinger)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот