Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

По 30 години Тајчи ги собра пријателите и го отпеа познатиот хит од Евросонг (ВИДЕО)
Познатиот хит на Татјана Матејаш Камерон, попозната по својот надимак Тајчи „Hajde da ludujemo ove noći“ со кој во 1990 година настапи на Евросонг и денес се пее, поради ритамот и заразната мелодија по која лудуваат дури и најмладите.
Препорачано
Со оваа песна пораснаа многу генерации, а токму некои нови генерации се најдоа и меѓу своите постари колеги пејачи, па така сите заедно ја снимија новата верзија на песната.
Покрај Тајчи, која за потребите на спотот пред самиот крај го облече и добро познатиот мини фустан во кој настапуваше, и кој се уште и стои одлично, песната ја отпеа и нејзината помлада сестра Сања Матејаш, а тука беа и Алка Вуица, нашата Тијана Дапчевиќ, Фрајле, сестрите Ивана Хусар Млинац и Марија Хусар Римац, Доменика Жувела, Миа Димшиќ како и познатата американска блогерка Кристина Кузмиќ.
Да се потсетиме, „Hajde da ludujemo“ е песна на хрватската пејчака Тајчи објавена во 1990 година на истоимениот албум. Песната на Тајчи и донесе голема слава на подрачјето на поранешна Југославија.
Песната ја напишаа Зринко Тутиќ и Алка Вуица. Пратечките вокали ги пее Милана Владовиќ.
Тајчи песната ја претстави во поранешна Југославија во Загреб во 1990 година, а на евровизија ја отпеа 15-та по ред, а на крајот од гласањето доби 81 поен, освојувајќи го седмото место од 22 држави.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5