Фото: Инстаграм / EPA/NINA PROMMER

По 10 години брак и 3 деца – крај: Пејачката Џесика Симпсон „скршена“ поради разделбата Ерик Џонсон

Пејачката Џесика Симпсон по десет години брак се разведува од поранешната НФЛ ѕвезда Ерик Џонсон. Веста ја потврдија повеќе извори за американските медиуми.

Како што пренесува „Хиндустан тајмс“, четириесет и четири годишната пејачка е со „скршено“ срце и оваа одлука ја поднесува доста тешко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)


Повеќе извори тврдат дека парот долго време живее одвоено и дека се обидуваат да ги заштитат децата од се погласните озборувања за причините за разделбата.

Шпекулациите дека двајцата се разведуваат ги започна од Ерик, кој минатата недела беше фотографиран во обична прошетка – но без бурма.

Ниту Џесика не можеше да ја скрие болката од она низ што поминува, а исто така неодамна беше фотографирана во јавност без бурма.

Тогаш за прв пат се огласи извор близок на холивудската двојка и им посочи на странските медиуми дека сопружниците не се во најдобри односи, но се обидуваат сето тоа да го скријат од јавноста. Иако двојката допрва треба јавно да ги потврди гласините и двајцата се навистина посветени на благосостојбата на децата и се обидуваат да ја задржат приватноста што е можно подолго, велат извори блиски на парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Инаку, Џесика и Ерик се венчаа во 2014 година и беа во брак 10 години, од кој ги имаат ќерките Максвел (12) и Бирди (5) и синот Ејс (11).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот