ПМФЛ: Вардар триумфираше над Брегалница, Гостивар изненади против Шкендија

фото: ФК Брегалница/facebook

Фудбалерите на Шкендија пропуштија можност да се израмнат со второпласираната Струга во македонскиот шампионат и бидат само на „минус еден бод“ од водечкиот Шкупи.

Денеска тетовските „црвено-црни“ ремизираа 2:2 против Гостивар иако имаа водство од 2:0 до 86 минута.

Двата гола за Шкендија ги реализираше Шала во 37 и 69 минута, а Гостивар во самиот финиш го избегна поразот со погодоците на Кехинде кој два пати беше прецизен од пенал.

Вардар оствари важен триумф над Брегалница од Штип со 2:0 со головите на Алтипармаковски од пенал во 21 минута и Глишиќ 180 секунди подоцна.

Играчите на Брера Струмица убедливо со 3:0 го совладаа тимот на Македонија ЃП. Сите голови беа постигнати во текот на првото полувреме преку Цветаноски во третата, Миловановиќ во 12 и Ивковиќ во 42 минута.

Иако домаќините од 49 минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Наумчевски до крајот успеаја да ја задржат позитивата.

Мируваа мрежите на дуелот Воска Спорт – Силекс, додека Тиквеш со головите на Робертињо (17`) и Стојкоски (52`) славеше против Работнички.

Табела: Шкупи 42 бодови, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 28, Брера Струмица 26, Гостивар 26, Тиквеш 25, Работнички 24, Воска Спорт 21, Вардар 21, Брегалница Штип 20, Македонија ЃП 18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот