фото: KF Shkëndija

ПМФЛ: Убедлив триумф на Шкендија против подмладениот Шкупи

Шкендија ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со убедлив триумф од 5:1 над Шкупи, во пауза меѓу двата дуела со Карабах во квалификациите за Лигата на шампионите.

Тимот од Тетово немаше проблеми против гостите, кои настапија со значително подмладен состав, дури седум младинци во стартниот тим.

Првиот гол во сезоната го постигна Флорент Рамадани во осмата минута со силен удар од 25 метри, но Шкупи брзо израмни преку Малик Хајвали во 14 минута.

Само три минути подоцна, гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Ендрит Рустеми, поради два жолти картони, а Шкендија тоа го искористи, Арбин Зејнулаи погоди во 21 минута за ново водство.

Вториот дел мина во целосна доминација на домаќините. По еден час игра, тренерот Јетон Беќири внесе свежи сили од клупата, меѓу кои и капитенот Бесарт Ибраими, кој за кратко време постигна два гола, во 70 и 76 минута. Крајниот резултат го постави Лиридон Љатифи во 83 минута, за убедлив старт на сезоната за шампионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот