ПМФЛ: Трапановски човек на одлука во дербито на Шкупи и Шкендија, Струга со голем пресврт до победа во Кавадарци

Фото: KF Shkëndija

Со голот на Кристијан Трапановски Шкупи славеше победа на свој терен во денешното дерби од Првата македонска фудбалска лига против Шкендија. Највозбудливо во денешните натпревари беше во Кавадарци каде што Струга од негатива од 2:0 дојде до победа од 2:3 против домаќинот Тиквеш.

Чаирскиот тим по 17 кола сега е осамен на втвот на табелата. Клучниот момент на денешното дерби се случи во 37. Минутак ога Кристијан Трапановски влезе во шеснаесетникот и го матираше голманот на Шкендија.

По постигнатиот гол гледавме отворен и динамичен фудбал, посебно во вториот дел кога имаше повеќе шанси. Шкупи беше поблиску до втор гол, отколку Шкендија до изедначување, меѓутоа на крајот резултатот не се промени.

Најмногу возбудувања во денешните натпревари понуди натпреварот во Кавадарци помеѓу Тиквеш и Струга.

Многу брзо домаќините по 15-тина минути игра имаа два гола предност, автогол си постигна Згуро, а од редовите на Тиквеш на гол се израдува Ивановски. Во финишот на првиот дел блесна Марјан Радески кој постигна два гола за нерешен резултат на паузата (2:2).

Георгиевски на десетина минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 2:3 за три бода за Струга.

Два гола предност денес прокоцка и Брегалница против Воска, но таа средба заврши 2:2.

Гоце Седлоски во својот трет натпревар на клупата на Работнички дојде до неговата прва победа. Дебармаалци со 1:0 ја совладаа Брера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Силекс и Гостивар ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1.

Ќе потсетиме, Вардар вчера беше подобар од Македонија Ѓорче Петров со 0:1.

ПМФЛ: Милосавиќ му донесе важен триумф на Вардар против Македонија ЃП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот