Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ПМФЛ: Тиквеш и Работнички ремизираа во Кавадарци
Тиквеш и Работнички ремизираа без голови во единствениот натпревар од денешната програма во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кавадаречкиот состав имаше поголем посед на топката, но Работнички ги имаше колосалните шанси за да стигне до триумф.
Препорачано
Тиквеш имаше иницијативата од стартот, бараше решение како да го загрози голот на Васко Василев, но првата шанса ја имаше Работнички во 30 минута. Далеј изведе слободен удар, нафрли директно кон голот, а голманот Стевковски со одлична интервенција спаси во последен момент.
Две минути подоцна возврати Вареловски со удар од 15 метри, но Василев беше добро поставен и одбрани. Пред крајот на првиот дел, во 43 минута, уште една шанса за гостите. Калани нафрли од левата страна, Дашмир Елези се обиде со волеј удар, но шутираше над голот.
Во второто полувреме речиси идентична поставеност. Тиквеш офанзивен, со желба да постигне погодок, а Работнички добро организиран во одбраната и опасен од противнапади.
Иван Ивановски доби шанса од почетокот на второто полувреме, создаде неколку добри шанси, но повторно без ефект за Тиквеш.
Работнички имаше убава шанса за триумф во финишот. Јован Бошнаков во 84 минута по еден противнапад излезе сам пред Стевковски, но голманот на Тиквеш одлично интервенираше и спаси сигурен гол.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
53мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5