фото: instagram.com/fcshkendija

ПМФЛ: Шкендија ја совлада Беса 1976, „романтичарите“ славеа со пресврт над Пелистер

Во рамките од 28 коло во Првата македонска фудбалска лига во саботата се одиграа пет од закажаните шест натпревари.

Мечот помеѓу екипите на Воска Спорт и Вардар не го доживеа својот крај. Повеќе прочитајте ТУКА

Фудбалерите на Шкендија запишаа нов важен триумф во трката за шампионската титула откако на гости со 3:2 славеа над Беса 1976.

Домаќините поведоа во 13 минута со голот на Селмани, па следуваше пресврт на гостите со погодоците на Ибраими од пенал во 23 и Тамба во 37 минута.

Селмани со својот втор погодок на мечот донесе израмнување во 65 минута, а струшкиот тим дојде до триумф со голот на Мерџани во 80 минута.

Силекс со 2:1 триумфираше против Шкупи, иако клубот од Чаир имаше предност од 32 минута со голот на Анса. Кратовци направија целосен пресврт во вториот дел со погодоците на Ѓорѓиевски (61`) и Алиќ (68`).

Работнички со 2:1 го надигра Пелистер, битолската екипа беше во позитива по првото полувреме со голот на Ивановски (40`). „Романтичарите“ направија пресврт во вториот дел со двата голови на Гандо во 68 и 89 минута.

Стојкоски во 26 минута стрелаше за водство на Тиквеш против Брера, потоа Воша во 85 минута постигна гол за 2:0, а струмичкиот тим до крајот на мечот само успеа да го ублажи поразот во 94 минута преку Травали.

Табела: Шкендија 62 бодови, Силекс 58, Работнички 52, Гостивар 48, Струга 46, Шкупи 33, Вардар 29, Пелистер 29, Тиквеш 26, Брера Струмица 24, Беса 1976 24, Воска Спорт 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот