Врвот Љуботен (2.498 м.) на Шар Планина / Фото: „Икс“ (X) / NoMan'sLand

Планинар се повредил на падините на Љуботен, го спасувал армиски хеликоптер

Синоќа нешто по зајдисонце, хеликоптер на АРМ спасил повреден планинар кој се наоѓал на непристапен терен на шарпланинскиот врв Љуботен, информираат од МВР.

„На 08.06.2025 во 13:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на непристапен терен на падините на врвот „Љуботен“ има повредено лице и потребно е негово извлекување. Во 19:45 часот со хеликоптер од АРМ подигнато е повреденото лице Ј.С.(57) од с.Рогачево, тетовско и е транспортирано во Комплексот клники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Полицајци и месното население од местото во добра здравствена состојба ги презеле и Ф.Ф.(45) од Скопје и С.С. од с.Рогачево, по што ги пренеле со селото Старо Село“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот