epa-efe
епа-ефе+PROFIMEDIA

Пирс Морган повторно со жестоки критики кон Меган и Хари: Тие се разгалени детишта кои го злоупотребуваат семејството

Новинарот Пирс Морган ги нарече Меган Маркл и принцот Хари „разгалени детишта кои го злоупотребуваат семејството“.

Водителот се осврна на поранешните членови на кралското семејство Меган и Хари додека ги фалеше принцезите Еугени и Беатрис. Пирс објасни дека ги сретнал сестрите на забава во Лондон на почетокот на овој месец и им понудил родителски совети.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL

Двете принцези ги знам уште кога беа мали и поминуваа низ тешки времиња во центарот на вниманието на медиумите, особено во последно време поради срамното пријателство на нивниот татко принцот Ендру со милијардерот педофил Џефри Епштајн. Тие никогаш не се жалат, не даваат плачливи интервјуа во врска со тоа, ниту пак јавно го клеветат своето семејство“, рече тој.

epa-efe
EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Водителот додаде дека им рекол дека е благодарен за поддршката од нивната мајка Сара Фергусон, војвотката од Јорк.

За потсетување, британскиот водител Пирс Морган жестоко ги критикуваше Меган Маркл и принцот Хари уште по првото интервју со Опра Винфри.

Profimedia
Profimedia

Ако толку многу го мразите кралското семејство, зошто ги чувате своите кралски титули? Зошто постојано се нарекувате војвода и војвотка од Сасекс? Зошто би го правеле тоа ако едноставно не сакате да заработите неколку милиони долари? Преправањето дека сте жртви е искрено болно“, во тоа време изјави водителот.

Популарниот Пирс Морган поради расправија околу Меган Маркл избега од студиото и даде отказ

Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле што им се „спротивставил“ на Меган и Хари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот