Фото: EPA / Instagram

Пирс Морган без цензура: Ги откри членовите на семејството кои имале расистички коментари за синот на Хари

Познатиот британски новинар Пирс Морган во новата епизода на неговата емисија „Пирс Морган без цензура“ ги откри имињата на членовите на кралското семејство кои коментирале за бојата на кожата на Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл, пишува „Пејџ сикс“.

Имињата на членовите се наведени во холандското издание на книгата на Омид Скоби за кралското семејство „Крај на играта: внатре во кралското семејство и борбата за опстанок на монархијата“, која експресно беше повлечена од продажба.  Контоверзната информација се вели дека е објавена во книгата поради „грешка во преводот“.

Морган ја оправда својата одлука да ја пренесе информацијата во јавност и во својата емисија  потврди дека тоа се кралот Чарлс Трети и принцезата Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, постариот брат на Хари.

Инаку, во книгата, Скоби тврди дека Маркл (42) му напишала приватни писма на Чарлс, таткото на нејзиниот сопруг, во кои именувала двајца членови на кралското семејство кои учествувале во наводните вознемирувачки разговори за тенот на нејзиниот и тогаш неродениот син на Хари.

Сепак, Скоби не ги именува членовите на семејството за кои се вели дека го доведувале во прашање тенот на кожата на Арчи поради законите за клевета.

Во својата емисија водителот им објасни на гледачите дека иако „не верува дека некој од кралското семејство некогаш дал расистички коментари“, тој мисли дека неговите сограѓани имаат право да знаат информации кои ненамерно биле откриени на мал број читатели од сосема друга земја.

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

Големо изненадување: Божиќ ќе биде поинаков во кралското семејство, а сето тоа поради кралицата Камила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот