фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Пиоли: Мораме да го засилиме тимот доколку сакаме да бидеме конкурентни во ЛШ

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека е задоволен што неговиот тим успеал да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, но дека ќе треба да донесат поквалитетни играчи за да можат да се натпреваруваат на два фронта.

„Росонерите“ синоќа го совладаа Јувентус во Торино со 1:0 со голот на Оливие Жиру и со тоа обезбедија учество во групната фаза од елитното натпреварување, во кое сезонава беа елиминирани во полуфиналето од градскиот ривал Интер.

– Оваа сезона во Серија А постигнавме помалку од очекуваното, додека во Лигата на шампионите ситуацијата беше обратна. Ова е првпат да се обидеме да се натпреваруваме на два фронта и можам само да им се заблагодарам на моите играчи за нивната посветеност. Сега ќе уживаме во оваа победа. Вистина е дека имавме тежок период во јануари и февруари, но играчите не престанаа да работат и да веруваат и повторно се обединивме – изјави Пиоли.

Тој посочува дека на тимот ќе му требаат квалитетни играчи за да успее да биде конкурентен во Серија А и ЛШ.

– Зависи од тоа што сакаме. Доколку сакаме да играме полуфинале во Лигата на шампионите, тогаш јасно е дека тимот мора да се засили. Не е важно дали станува збор за помлади или постари играчи. Ни треба поголема конкуренција во тимот, доколку го сакаме, тогаш мораме да донесеме квалитетни играчи – вели Пиоли.

Покрај Милан, меѓу италијанските клубови во групната фаза од ЛШ ќе играат и Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Лацио и Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот