ВИДЕО | Милан славеше во дербито, Јувентус и дефинитивно остан без ЛШ

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Милан го победи Јувентус во вечерашното дерби од италијанската Серија А и така го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите.

Јувентус беше поконкретен во првото полувреме, но кога не ги искористи казните стигна казната со голот на Оливиер Жиру на пет минути пред истекот на првите 45 минути.

Имаше иницијатива Јувентус и во второто полувреме, меѓутоа тоа беше некако недоволно, а и кога црно-белите ќе создадеа прилика, тука беше одличниот Мањан.

Голот на Жиру на крајот се покажа и како одлучувачки. Милан сега е четврти со 67 бода, два помалку од Интер, Јувентус остана седми со 59 и ќе мора да се бори за место во Лигата Европа со Аталанта и Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот