
Пикси подготвува тужба за директорот на Црвена звезда, Звездан Терзиќ
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, подготвува тужба против генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, поради изнесените обвиненија на негова сметка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Изминатите неколку дена Терзиќ во неколку наврати го обвини Стојковиќ дека е главниот виновник за проблемите во српскиот фудбал и не дозволува Црвена звезда да ја освои титулата во домашниот шампионат.
Терзиќ реагираше поради досудениот пенал за Партизан во натпреварот против Спартак Суботица со кој „црно-белите“ дојдоа до победата и останаа лидери на табелата со два бода предност пред Црвена звезда.
– Тешко ми е да пронајдам зборови со кои би можел да опишам колку бев шокиран кога прочитав обвиненија и валкани лаги за мене. Ова не е првпат Звездан Терзиќ да зборува така за мене. Во минатото го игнорирав бидејќи бев сконцентриран на репрезентацијата и пласманот на СП во Катар. Овој пат Терзиќ ја помина црвената линија и ме доведе во позиција да немам избор и својот чест, интегритет и углед да ги заштитам на суд. Такви навреди и клевети и цртање мета на моето чело нема повеќе да трпам. Ангажирав адвокати кои подготвуваат приватна тужба против Звездан Терзиќ – соопшти Драган Стојковиќ Пикси.