Пикасо со неговата партнерка Жаклин Роке и децата Клоди и Палома / Profimedia

Пикасо го насликал плакатот за најскапиот југословенски филм, а наместо хонорар побарал само еден пакет југословенски вина

Пабло Пикасо, еден од најголемите уметници на сите времиња, умрел на денешен ден, 8 април 1973 година во 91-година од животот како последица на срцев удар. Покрај неговото огромно животно дело, интересно е да се спомене дека го дизајнирал плакатот за најскапиот и најгледаниот југословенски филм, „Битката на Неретва“, кој освои бројни награди и беше номиниран за Оскар.

Битката на Неретва“ е еден од најамбициозните филмови на поранешна Југославија. Најголемите sвезди на светот во тоа време, Јул Бринер, Франко Неро и големиот Орсон Велс им се придружиле на актерските легенди во регионот.

На светски познатиот сликар шпански сликар Пабло Пикасо му било понудено да го изработи постерот за филмот.

Пабло Пикасо / Фото: Profimedia

Во тоа време сликарот го проследил документарниот филм „Скопје ’63“ од Вељко Булајиќ, посветен на катастрофалниот земјотрес во нашата престолнина. Документарниот филм ја доби наградата „Златна Нимфа“ од критичарите во 1964 година во Монте Карло.

Претседателот на жирито бил француски учител, Марсел Ашард, кој бил сместен заедно со Пабло Пикасо и му покажал копија од филмот на Вељко во студиото. Пикасо дошол на завршната церемонија и му честитал на Вељко Булајиќ за документарниот филм за земјотресот во Скопје.

Наскоро Булајиќ му понудил на агентот на Пикасо да направи постер за филмот „Битката на Неретва“. Откако завшило снимањето и го изгледал филмот, проучувајќи ги настаните, Пикасо потврдил дека ќе го направи плакатот за „Битката на Неретва“ но и дека ќе го искористи неговото легендарно уметничко дело „Сабине“ во црвена боја за истиот.

Кога Пикасо го прифатил предлогот филмската екипа се нашла во паника бидејќи морале да смислат како да му платат на Пикасо.

Познатиот уметник не барал никаков хонорар, единствено што побарал биле 12 одбрани шишиња вино од тогашна Југославија. Се вели дека причината за ваквата скромност е всушност неговата фасцинација од филмовите од тогашна Југославија. Пикасо бил голем фан на творештвото од регионот.

Инаку, плакатот за „Битката на Неретва“ е еден од единствените два филмски плакати зад кои стои потписот на Пабло Пикасо.

Постерот на Пабло Пикасо за југославенскиот филм „Битката на Неретва“ (1969)/Instagram

На премиерата на филмот што се одржала на 29 ноември 1969 година, на отворањето на Центарот за култура и спорт „Скендерија“ во Сараево, покрај Јосип Броз Тито и филмската екипа наводно присуствувале Софија Лорен и Омар Шариф.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот