Пијан Хрват дошол со моторна пила во локал, барал од диџејот да ја смени музиката

Фото: Sara / Flickr

Пијан маж на возраст од 40 години ги вознемирил вработените и гостите во кафуле во хрватскиот град Дарувар, откако со моторна пила му се заканил на диџејот во локалот, барајќи да ја смени музиката.

Според полицијата, 40-годишниот човек го нарушил јавниот ред и мир влегувајќи во локалот со моторна пила во раката.

Тој се доближил до диџејскиот пулт, ја ставил моторната пила и му рекол на 23-годишниот диџеј да ги пушти песните што ги нарачал или ќе го скрши пултот. Бидејќи неговото однесување ги вознемирило вработените и гостите во кафулето, била повикана полицијата, која му ја одзела моторната пила и го привела.

– Потоа беше сместен во специјални полициски простории додека не се отрезни. Поради сторен прекршок по член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесен обвинителен акт до надлежното одделение за прекршоци при Општинскиот суд Бјеловар – велат од полицијата.

Не е познато колку алкохол во крвта имал „дрвосечачот“, бидејќи го одбил алкотестот, пренесуваат медимите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот