Бране Петрушевски Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план

Политиката на СДС се сведува само на евтин популизам. По нивната аналогија од која на секој нормален му се гади, би требало да ги повикаме целиот имот на Заев во Дубаи стекнат со криминал да се поклони за донации за Кочани, и целата украдена и криминално стекната хациенда на Венко Филипче сместена на Водно исто така да биде поклонета за цели за Кочани, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ.

-Ваква политика на ниски страсти и некрофилија треба да престане под итно. СДС пред да излезат на прес-конференција треба да знаат дека со нивните прес-конференции одат против себе, затоа што ист таков тендер, со иста таква сума одобриле и распишале тие додека биле на власт, и дека впрочем тоа е тендер предвиден со планот на јавни набавки – рече Петрушевски.

Тој праша што има спорно во постапката и кој дел од постапката не е испочитувана?

-Нема договарања во четири очи, и нема провизии како во минатото кога тоа беше омилена практика на СДС и ДУИ. И затоа сега СДС свесно прави забуна и вулгаризира, иако ова е истиот тендер кои тие го спроведувале редовно но очигледно тоа го правеле за да задоволат свои интереси, а не за да ја видат реалната слика за нивните политики, не се тоа анкети за мерење рејтинг, туку истражувања на јавното мислење за политики и проверка на проекти и реформи дали народот ги прифаќа или не – рече пратеникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот