Петровска: Имплементација на новиот колективен договор за исплати по избори

Славјанка Петровска
Славјанка Петровска, министерка за одбрана/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска изјави дека Законот за вработени во МО е еден од позитивните големи проекти што се случиле, покрај потпишувањето на колективниот договор и коишто во суштина одат, рака под рака со процесот на модернизација.

Новиот закон, таа не го гледа „само како придобивка во делот на платите, туку многу повеќе како придобивка во олеснување на процесот и на вработување, меѓутоа и во процесот на унапредување на кадрите, особено акцентирајќи ги оние типични специјалности за коишто сите ние постојано зборуваме, а досега не е понуден механизам како тие соодветно да бидат апострофирани“.

– Зошто? Затоа што не може да имате силна армија, да гарантирате одбрана ако човечкиот фактор, односно човечките ресурси и луѓето кои се клучниот сегмент не бидат соодветно задоволни и не бидат мотивирани понатаму да продолжат да ги извршуваат своите задачи. Јас сум горда на припадниците и на македонската армија и на вработените во МО, кои многу тешки процеси изминативе 32 години независност ги износеа на свој грб, на свој товар и би рекла дека многу трпеливо го чекаа овој момент на усвојување на новиот закон за вработени, истакна Петровска.

Околу примената, како што појасни таа, биле направени консултации со ДКСК токму во делот на членот 8-а, кој не дозволува вонредни исплати или исплати коишто не биле планирани.

– Иако финансиските средства и за Законот за вработени и за колективниот договор кој го потпишавме со репрезентативниот синдикат, очекувам и другите синдикати да се приклучат, сепак нема да можеме да ги правиме тие исплати во овој период токму заради забраните што постојат во Изборниот законик, меѓутоа апсолутно сите вработени веќе ги имаат стекнато тие права со тоа што оние права кои се однесуваат на дополнителни исплати, ќе бидат имплементирани по завршувањето на изборниот процес, појасни Петровска, одговарајќи на новинарски прашања.

Таа подвлече дека како министерка, не сака да се фрли дамка и на колективниот договор и на Законот, со евентуални обвинувања дека тоа се прави од политички или други побуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот