Роднини на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ чекаат пред болницата во Кочани / фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Петмина повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во болници во Солун, двајца веќе се оперирани

Во болницата Папаниколау и во воената болница во Солун, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија.

Како што јавува МИА, извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне се хоспитализирани тројцата повредени, кои со амбулантни возила пристигнаа во Солун, брифираат дека сите се на Одделот за интензивна нега за повредени со изгореници, двајца се оперирани, а третиот сè уште не е.

ВИДЕО | Сите повредени во пожарот во Кочани што се пренесени во „Пирогов“ се во тежок термички шок

Станува збор за две девојки и едно момче на возраст од 25, 26 и 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници.

Дополнително, според информациите на МИА, во воената болница во Солун биле префрлени уште двајца повредени на кои им била извршена трахеотомија.

Според истите извори, болницата Папаниколау засега не е информирана или известена за транспорт на други случаи.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис преку платформата Икс синоќа информираше дека „Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и лекување на повредени со изгореници по барање на Северна Македонија“ и посочи дека четири болници во Атина и Солун се во состојба на зголемена готовност.

Повредени од пожарот денеска со авиони ќе се транспортираат за Хрватска и Романија

Георгиадис објасни дека по барањето од нашата земја до Европскиот механизам за цивилна заштита, во тек се „сите неопходни активности и во тек е координација помеѓу грчкото Министерство за надворешни работи, Министерството за здравство, Министерството за климатски кризи и цивилна заштита и Здравствен оперативен центар на брзата помош со цел транспорт, прием и лекување на повредените со изгореници во соодветните здравствени центри во земјата“.

Според министерот за здравство на Грција врз основа на оперативниот план во состојба на зголемена готовност се три болници во Атина и една во Солун, што воедно се и едни од најголемите грчки болници.

-Општиот координативен центар на службата за брза помош веќе го стави во состојба на готовност потребниот број амбулантни возила, кои ќе се користат во случај да се донесе одлука дополнителни повредени со изгореници да треба да се транспортираат во здравствените центри на националниот здравствен систем или Министерството за национална одбрана во Атина – напиша Георгиадис на Икс.

Грчки владини извори брифираа дека во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани и дека по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и службата за итна медицинска помош, Грција ќе ги прими сите повредни со изгореници, како што било побарано од Европскиот механизам за цивилна заштита“.

Над 140 пациенти се лекуваат во Македонија – лицата префрлени во странство се во стабилна состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот