Петар Атанасијевиќ постигна неверојатни 32 гола во победата на Еурофарм Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарот на Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ одигра неверојатен натпревар и во Купот на Македонија против Шампион постигна 32 гола (57:16).

Младинскиот македонски репрезентативец имаше ден кој долго ќе го памети бидејќи вистинска реткост е да се постигнат голку голови на еден натпревар.

Посебно е интересно што во второто полувреме мрежата на Шампион ја тресеше дури 23 пати, девет пати беше прецизен во првиот дел.

Со овие три гола Атанасијевиќ постави рекорд во машка конкуренција. Рекордот до денес го држеше Златко Димитровски кој во дресот на Тиквеш постигна 31 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот