Сообраќајка / Фото: „Слободен печат'' - Драган Митрески

Пет мотори и четири автомобили се парчосале кај Мавровската крстосница — деветмина завршиле со тешки повреди

Пет мотори и четири автомобили во понеделникот учествувале во масовна сообраќајка на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај Мавровската крстосница, пет лица завршиле со сериозни повреди, а четворица мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди.

„На 8 септември 2025 година во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар — Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл ‘кавасаки’ со скопски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот И.З. од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот Д.П. од Скопје, мотоцикл ‘јамаха’ управуван од 34-годишниот Ј.Д. од Скопје, мотоцикл ‘сузуки’, управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл ‘јамаха’ со скопски регистарски ознаки, управуван од 18 -годишниот П.Б. (18), патничко возило ‘голф’ со струшки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Ш.Ј. од Струга, патничко возило ‘сузуки’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот М.М.Г. од Република Турција, патничко возило ‘ауди’ со албански национални ознаки, управувано од И.К. (34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило ‘голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди завршиле мотоциклистите Д.П., И.З., П.Б. и М.Т., а со телесни повреди завршиле мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот