Дмитри Песков / Фото: Sergei Bobylev / Sputnik / Profimedia

Песков: Путин го покани Зеленски за разговор, а не за капитулација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека засега нема детали за нов разговор меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, истакнувајќи дека дијалогот е сложен бидејќи секој ги брани интересите на својата земја. Тој додаде дека Путин ги цени напорите на Трамп и го гледа исклучиво низ неговата улога како претседател на САД.

Рускиот претседател Владимир Путин ги цени мировните напори на американскиот лидер Доналд Трамп и неговиот конструктивен пристап во целина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој објасни и зошто претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е поканет во Москва, објави ТАСС.

– Путин го покани Владимир Зеленски во Москва за разговор, а не за капитулација. Напорите за решавање на конфликтот продолжуваат, но е прерано да се каже кога ќе биде завршен. Путин рече дека има светлина на крајот од тунелот – изјави Песков.

Русија, според неговите зборови, е подготвена со мирољубиви средства да ги постигне своите цели во Украина, но ако тоа се покаже како невозможно, специјалната воена операција ќе продолжи.

Путин: Русија е подготвена да ја обезбеди безбедноста на состанокот со Украина во Москва

„Путин му е благодарен на Трамп“

Песков изјави дека засега нема детали за нов разговор меѓу Путин и Трамп. Разговорите меѓу нив, забележа Песков, се тешки зашто секој ги брани интересите на својата земја.

– Но, Путин го цени ова и е благодарен на Трамп за таквиот пристап – изјави тој.

Тој додаде дека рускиот лидер ги цени напорите на Трамп и „конструктивната природа на нивната врска“, посочувајќи дека Кремљ го гледа Трамп како претседател на САД, без да му дава дополнителни субјективни карактеристики:

– За нас Трамп е претседател на САД – рече Песков.

„Сѐ уште не се обновени врските меѓу земјите на пошироко ниво“

Тој додаде дека Русија и САД моментално одржуваат комуникација меѓу Кремљ, Белата куќа и меѓу специјалните служби на двете земји, но дека сè уште не се обновени сите врски меѓу земјите на пошироко ниво.

Односите меѓу Русија и САД беа сериозно оштетени за време на претходната американска администрација и ќе биде потребно време да се обноват, посочи тој.

– Процесот на извлекување на нашите односи од целосна парализа ќе трае. Влијае негативната инерција. Направена е преголема штета врз целата архитектура на нашите билатерални врски – изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ забележа и дека Москва и Вашингтон сè уште не се вратиле на соработката во културата и спортот.

Песков не ја исклучува можноста Путин да оди во САД за Светското првенство во 2026 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот