Песков: Преговори меѓу Русија и Украина под услови на Киев се апсолутно нереално сценарио

Песков: TASS / ddp USA / Profimedia

Преговори меѓу Руската Федерација и Украина под услови на Киев се апсолутно нереално сценарио, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој, на новинарско прашање да ја коментира изјавата на Џонатан Фајнер, главниот заменик советник на американскиот претседател за национална безбедност, дека САД сакаат Москва да преговара со Киев под украински услови во 2024 година, рече дека тоа е „апсолутно нереално“.

– Има многу такви изјави. Тие прибегнуваат кон разни трикови само за да ги убедат своите парламентарци да гласаат за натамошна распределба на парите. Значи, веќе имало многу такви изјави и тие ќе продолжат – рече Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот