Песков и Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Песков не ја исклучува можноста Путин да оди во САД за Светското првенство во 2026 година.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин би можел да ги посети САД за време на Светското првенство во фудбал во 2026 година доколку добие официјална покана од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Зошто да не“, одговори Песков на прашањето на агенцијата РИА Новости за тоа дали е можно доаѓањето на Путин, доколку следи официјална покана од американскиот претседател.

Претходно, Трамп изјави дека ја разгледува можноста да го покани Путин на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот