Македонската ракометна сениорска репрезентација/фото: РФМ

Пешевски: Позитивниот дух и другарството ќе ја краси Македонија на Европското првенство 2024

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација ги стартуваше подготовките за настапот на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија.

Нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров ќе игра во групата „А“ на ЕП заедно со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

Распоред и термини на одигрување на натпреварите на Македонија на ЕП 2024:

10.01.2024 ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 18.00 часот
14.01.2024 МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА 20.30 часот
16.01.2024 МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 18.00 часот

РФМ: Билетите за Европското првенство се распродадени

Лазаров повика 19 репрезентативци во подготовките, а на располагање ќе има и осум резерви.

По собирот националниот тим одработи еден тренинг во салата „Автокоманда“ во Скопје, а потоа веднаш отпатува за Стара Пазова, Србија, каде ќе ја одработи првата фаза од подготвителниот период (од 21 до 30 декември 2023 год.).

Втората фаза во периодот од 2 до 7 јануари 2024 год. подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а заминувањето за Германија е предвидено на 8 јануари во раните утрински часови.

Во Стара Пазова планиран е и контролен меч против Црна Гора на 29 декември, а во Скопје на 4 и 5 јануари два пати ќе се тестира против Грција.

– Македонската ракометна репрезентација има млад состав, полетен и полн со ентузијазам. Енергични и желни за борба на секој дуел. Позитивниот дух и другарството ќе го краси овој состав на престојното Европско првенство – ни изјави македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот