Елиза Шуа Дисапен

„Перун Артис“ го објави романот „Зима во Сокчо“ на швајцарско-кореанската авторка Елиза Шуа Дисапен

Извонредно напишаниот дебитантски роман, кој ги освои наградите „Роберт Валзер“, „Алфа“ и „Режин Дефорж“, со наслов „Зима во Сокчо“ на младата швајцарско-кореанска авторка Елиза Шуа Дисапен е роман за споделени идентитети, визија и слепило, интимност и отуѓеност. Во 2024 година, романот е адаптиран во филм под наслов „Зима во Сокчо“ од француско-јапонскиот режисер Која Камура.

Нејзиниот втор роман, „Пачинко топчиња“, беше објавен во 2018 година. Покрај овие два романи, авторка е и на романот „Владивосток циркус“ (2020), а во 2023 година од печат излезе и нејзиниот најнов роман „Стариот оган“.

Зима е во Сокчо, туристички град на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја. Студот забавува сè. Млада француско Корејка работи како рецепционерка во заморен пансион. Една вечер, пристигнува неочекуван гостин: француски карикатурист решен да најде инспирација во овој пуст пејзаж. Двајцата формираат невообичаена врска.

Кога таа се согласува да го придружува на патувања за да ја открие „автентичната“ Кореја, тие посетуваат снежни планински врвови и драматични водопади и преминуваат во Северна Кореја. Но тој не покажува интерес за Сокчо што таа го познава – шарените неонски светла, лузните од војната, рибниот пазар каде што работи нејзината мајка. Додека е вовлечена во неговата визија и вовлечена од неговите цртежи, таа наоѓа начин конечно да биде видена.

Романот „Зима во Сокчо“ е преведен на повеќе од дваесет јазици, а сега излезе и на македонски јазик во превод на Катица Гароска Ацевска и во издание на „Перун Артис“ од Битола. Преводот на романот е поддржан од мрежата „Традуки“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 297, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 6-8.9.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот