
Перуански крокети за вистински гурмани: Хранливи „бомби“ кои ќе ги заситат и најгладните
Папа рејенас се традиционални перуански полнети компири, еден вид крокет кој се состои од пржено пире од компири, наполнето со месо. Најчесто полнењето се состои од сечкано говедско месо, кое се меша со кромид и ким
Вообичаен прилог на папа рејенас е салса криола (лут креолски сос). Јадењето е популарно како улична храна, но се служи и во ресторани, а се подготвува и во домашна атмосфера. Според една популарна теорија, крокетите биле измислени во 1879 година, во екот на војната на Пацификот, од страна на перуански војници на кои им била потребна издржлива, однапред подготвена храна. Тие го готвеле месото, го зачинувале и го ставале во издлабениот компир, кој подоцна бил пржен и завиткуван во крпи.
Препорачано
Како што војниците се враќале дома, јадењето им се допаднало и на нивните семејства, кои додале свој шмек во основниот рецепт. Денес, јадењето повеќе не е резервирано за Перуанците, бидејќи најголемите готвачи од Перу го промовираат низ целиот свет.

Потребни состојки:
– 1 кг компири
– 1/4 чаша масло
– 450 г мелено говедско месо
– 1 кромид, исечкан на коцки
– 2 чешниња лук, ситно сечкани
– 1 лажица доматно пире
– 2 тврдо варени јајца, излупени и исечкани
– 1/2 чаша суво грозје
– 1/2 чаша црни маслинки, исечени
– сол, бибер
– магдонос, сечкан
– брашно
– 2 јајца
Мусака во ново руво: Кој би рекол дека и во Јужноафриканската Република се јадат наши специјалитети?
Подготовка:
Гответе ги компирите во тенџере со врела вода, сѐ додека не омекнат (околу 20 минути, но зависи од компирот). Излупете ги компирите додека се топли, најбрзо што можете. Истолчете ги веднаш и додајте им сол и бибер. Додека го готвите филот, чувајте ги компирите покриени.
Загрејте го маслото на висока температура во тава, додајте ги кромидот и лукот со мешање, потоа додајте ја пастата од домати. Додајте месо, сол, бибер. Промешајте и покријте ја тавата. Гответе на тивок оган околу 15 минути, мешајќи повремено. Додајте тврдо варени јајца, суво грозје, маслинки и магдонос во смесата. Исклучете ја токата.
Месете го компирот неколку секунди со набрашнати раце. Земете дел од тестото од компир и израмнете го помеѓу рацете. Ставете дел од полнењето во издлабнатиот компир. Затворете го со дополнително тесто од компир и формирајте мала елипса.
Ставете го брашното во сад и измешајте ги останатите 2 јајца во друг сад. Секое парче компир се похува во јајцата, потоа во брашното, протресувајќи го вишокот од смесата и се пржат во врела тава со врело масло, сѐ додека компирот не формира тенка златна кора. Поместувајте ги одвреме-навреме, за да бидете сигурни дека секоја страна станува златна. Исцедете преку хартија и послужете веднаш со салса криола(закиселен кромид, со свежа лута пиперка и коријандер).

Mаласади – хавајски крофни: Вкус што ќе ве телепортира во тропските краеви