Пентагон: Кинескиот балон не собирал разузнавачки податоци за САД

Остатоците од кинескиот балон ќе дадат важни одговори за јатото неидентификувани објекти - Фотографија ЕПА, Централна команда на САД

Според Пентагон, кинескиот балон што беше соборен од американската војска над територијалните води на САД на почетокот на февруари, не собирал разузнавачки информации, јави ДПА.

-Како што слушнавте во тоа време, бевме свесни дека балонот има способност за собирање разузнавачки информации. Но, нашата проценка порано и сега е дека тој не собирал информации додека минувал или прелетувал низ САД, изјави портпаролот на Пентагон Пет Рајдер.

Тој додаде дека во тоа време Вашингтон презел „чекори за намалување на потенцијалните напори за собирање информации од овој балон“, без да даде дополнителни детали.

Односите меѓу Вашингтон и Пекинг веќе беа затегнати кога американската војска откри кинески балон во воздушниот простор на земјата за што американските официјални лица тогаш се сомневаа дека е шпионски. Воздухопловните сили на САД го соборија балонот на 4 февруари во близина на брегот на Јужна Каролина, откако со денови беше над копното на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот