Пендаровски на средба со регионалната директорка на УНД

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ивана Живковиќ, помошник генерален секретар на Обединетите Нации и регионална директорка за Европа и за Комонвелтот на независни држави на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, беше поздравена континуираната и конструктивна соработка на државата со УНДП и беше разговарано за поддршката и улогата на Обединетите нации во исполнувањето на стратешките цели на државата.

-Во таа насока беа поздравени активностите на УНДП во однос на климатските промени и зелената агенда, како и нивниот ангажман во областите поврзани со социјалниот развој и родовата еднаквост, демократското управување и подобрување на локалното владеење. Воедно, беше посочена успешната соработка и во изработката на Рамката за развој МКД20230, наведува Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот