фото: kfsm.mk

Пехарот за Пинар Каршијака на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб Пинар Каршијака од Турција е победник на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија. Во финалниот меч, екипата од Измир беше доста подобар ривал од косовскиот прволигаш Бора (78:59) и го освои првото место на турнирот.

Турскиот состав ја најави победата уште во првиот период, во кој оствари позитива од десет поени (20:10), која до крајот на полувремето ја зголемија на (35:22).

Екипата од Приштина имаше свои минути во третиот дел од играта во кој анулираше поголем дел од двоцифрениот минус, намали на достижни 55:49. Но, во последниот и решавачки период, Каршијака ја врати предноста изразена со две бројки и дојде до победата и пехарот на турнирот.

Во победничките редови Чарлс Менинг Јр. реализираше 16 поени, следен од Мајкл Мур со 15, додека Џастин Алстон запиша 13 поени (осум скокови).

За тимот од Косово како прв стрелец се истакна поранешниот младински репрезентативец на Македонија Резард Мемед со 14 поени. Во тимот на Бора не беше македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ.

Во мечот за третото место, во македонскиот дуел Работнички со резултат 85:71 триумфираше над Кожув.

ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА
РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ
Кожув – Бора 76:77
Пинар Каршијака – Работнички 84:74

ЗА ТРЕТО МЕСТО
Кожув – Работнички 71:85

ФИНАЛЕ
Бора – Пинар Каршијака 59:78

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот