Фото: EPA/ALI HAIDER

Партизан за малку ќе прокоцкаше 20 коша разлика против Милано во Евролигата

Во второто коло од Евролигата, кошаркарите на Партизан го пречекаа италијанскиот Милано во „Белградската Арена“. Конечниот резултат на натпреварот беше 80:78 (21:19, 24:14, 24:29, 11:16), победа на српската екипа.

Партизан доминираше во првите две четвртини, а третата ја отвори фантастично и во која стигна и до позитива од 20 коша разлика и наместо рутински да го одработи мечот до крајот, дозволи истиот да има неизвесна завршница.

Иалијанците целосно се вратија во игра, го намалија водството на едноцифрена разлика. На резултатот од 78:73 и три минути до крајот, Тирик Џонс го направи петтиот прекршок, оставајќи ги своите соиграчи на цедило.

На минута до крајот, навивачите на Партизан протестираа и фрлаа предмети на теренот, за што „црно-белите“ може да добијат казна. Потоа Балмаро упати шут, а потоа Гудуриќ два, враќајќи го Милано на 80:78 и само два поени предност. Остануваа 30 секунди до крајот.

Тренерот на Парртизан Жељко Обрадовиќ не побара тајм-аут, а Милано го доби последниот напад во натпреварот. Гудуриќ ја презеде одговорноста, но не успеа ниту да упати шут, а Партизан оствари важна победа.

Најефикасен поединец во редовите на Партизан беше Стерлинг Браун со 20 поени, три скока и две асистенции. На другата страна, Шевон Шилдс беше незапирлив со 21 поен и четири скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот