Париз го укинува изнајмувањето на електрични тротинети

Електрични тротинети/ Фото EPA-EFE/YOAN VALAT

Во согласност со одлуката на граѓанскиот референдум, оваа недела Париз ќе стане еден од ретките градови во Европа со целосна забрана за изнајмени електрични скутери, јавува Си-Ен-Ен.

Три компании со лиценца за управување со електрични скутери во француската престолнина имаат околу 15.000 електрични скутери, пренесува Танјуг.

Референдумот одржан во април им даде на парижаните два избора за изнајмување тротинети: да или не. Резултатите од гласањето покажуваат дека 90 отсто од гласовите биле против. Од друга страна, градовите ширум светот дебатираат дали ваквите возила, кои се отклучуваат преку апликација и се плаќаат по минута, се опасна јавна непријатност или дел од иднината на урбаната мобилност.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот