Папата има пневмонија, нема да оди на конференција за климата КОП28 во Дубаи

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Папата Франциск, по налог на лекар, го откажа патувањето во Дубаи, каде што требаше да присуствува на климатската конференција КОП28 на Обединетите нации, по наредба на лекар, соопшти денеска Ватикан.

Папата, кој закрепнува од грип и пневмонија, требаше да одржи говор на конференцијата во сабота наутро и да го отвори верскиот павилјон во недела.

Тој завчера соопшти дека има пневмонија, но потоа кажа дека сепак планира да оди во Дубаи.

Но, денеска „папата Франциск со големо жалење ја прифати препораката на лекарот и затоа патувањето е откажано“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП28) почнува в четврток и ќе трае до вторник, 12 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот